Линкови за пристапност

Клинтон: САД ќе ја употребат сета моќ да спречат нуклеарно вооружен Иран


Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека САД ќе ги употребат „сите елементи на американска моќ“ да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Клинтон во понеделник, по разговорите со израелски официјални лица во Ерусалим, кажа дека иранските предлози по прашањето до овој момент биле „недоволни за почеток“:

Изборот на крајот е кај Иран
Хилари Клинтон

„Сите ние сакаме дипломатско решение и иранските лидери се` уште имаат можност да донесат исправна одлука. Изборот на крајот е кај Иран.“

САД, Изеаел и неколку европски држави се сомневаат дека Иран работи на развивање нуклеарно оружје. Иран ги негира таквите тврдења, велајќи дека збогатувањето на ураниумот е за цивилна енергија и медицинско истражување.

Клинтон се враќа во Вашингтон рано во вторник, завршувајќи ја нејзината
двонеделна турнеја низ девет држави во Европа, Азија и Блискиот исток.
XS
SM
MD
LG