Линкови за пристапност

Вооружен инцидент во Канада


Пукање во зградите на парламентот во Отава, повреден војник, а најмалку еден напаѓач убиен

Десетина истрели на огнено оружје се регистрирани пред неколкуте згради на канадскиот парламент во Отава, откако најмалку едно вооружено лице стрелало врз војник кој го обезбедувал Националниот споменик на војната.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен во главната парламентарна зграда.

Тешко вооружени полициски сили потпомогнати со оклопни возила ги опколија зградите во центарот на градот, додека владини лица велат дека во моментов се трага по еден или повеќе вооружени напаѓачи.

Од полициски извори се дознава и дека истрели на оружје биле регистрирани во околниот трговски центар.

Портпаролот на канадскиот премиер Стивен Харпер, изјави дека Харпер ја напуштил областа и се наоѓа на безбедна локација.

Повредениот војник е хоспитализиран, но неговата здравствена состојба не е позната.

Инцидентот се случува два дена откако лице кое преминало во исламската вера, во близина на Монтреал со автомобил прегази двајца канадски војници, усмртувајќи еден од нив.

XS
SM
MD
LG