Линкови за пристапност

Поранешните претседатели Буш нема да го поддржат Трамп


Таткото и синот не планираат да учествуваат во кампањата или да коментираат за текот на изборите

Поранешниот американски претседател Џорџ Вокер Буш и неговиот татко, Џорџ Херберт Вокер Буш, нема да го поддржат Доналд Трамп во трката за Белата куќа.

Пртпаролот на 43-от претседател на САД, Фреди Форд, за Асошиетед прес изјави дека таткото и синот „не планираат да учествуваат во кампањата или да коментираат за овогодишните претседателски избори“.

Портпаролот на Буш постариот, пак, Џим Мекграт, нагласи дека на 91-на година, тој е „пензиониран во политиката”.

Ова е прв пат од неговото претседателствување, наваму, Џорџ Херберт Вокер Буш, да не го даде своето мислење во еден предизборен процес. Џорџ Вокер Буш пак, со голем ентузијазам го има поддржано секој републикански кандидат, изминативе пет изборни циклуси.

XS
SM
MD
LG