Линкови за пристапност

Претседателот Обама ќе ја посети Бурма


И покрај загриженоста дека земјата нема високи стандарди за почитување на човековите права.

Белата куќа соопшти дека Барак Обама ќе биде првиот претседател кој ќе ја посети Бурма, во рамки на турнејата што ќе го однесе и во Камбоџа и Тајланд. Во Камбоџа тој ќе учествува на состанокот на Здружението на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Активистите за човекови права, пак, предупредуваат дека иако владата на Бурма направила напредок, тој не е толкав за да ја заслужи посетата на Обама, закажана за подоцна месецов.

Белата куќа, пак, соопшти дека претседателот Обама ќе се сретне со бурманскиот претседател Теин Сеин и опозиционата водачка Ан Сан Су Чи „за да поттикне натамошна демократска транзиција“ во земјата.
XS
SM
MD
LG