Линкови за пристапност

САД продолжуваат да бараат мотив зад бостонските експлозии


Царнаев на властите писмено им кажал дека тој и неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан делувале без никаква помош од групи во странство.

Американските власти работат на добивање информации од преживеаниот осомничен во минатонеделниот бомбашки напад на Бостонскиот маратон кој е обвинет за употреба на оружје за масовно уништување.

Деветнаесетгодишниот осомничен Џохар Царнаев формално беше обвинет во понеделник во неговата болничка соба, каде се опоравува од неколку рани од огнено оружје. Може да добие смртна казна доколку биде осуден за нападот во кој загинаа три лица и беа ранети над 170 други. Неговото прво појавување пред суд е закажано за 30 мај.

Додека истрагата по случајот продолжува, американските медиуми јавуваат дека Царнаев на властите писмено им кажал дека тој и неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан делувале без никаква помош од групи во странство. Официјални лица не излегоа јавно со мотивите за нападот.

Тамерлан Царнаев загина во престрелка со полицијата доцна во четртокот, еден ден пред неговиот помлад брат да биде фатен.
XS
SM
MD
LG