Линкови за пристапност

Обама ќе даде заклетва на две Библии


Кога претседателот ќе даде заклетва на функцијата, ќе ја стави раката на две Библии.

Првата е Библија користена од поранешниот Претседател Абрахам Линколн, 16-от претседател на САД, кога дал заклетва на функцијата на првиот од неговите два мандати во 1861. Втората Библија е таканаречена „патувачка Библија“ што ја користел убиениот лидер за цивилни права Мартин Лутер Кинг, Џуниор.

Понеделник е официјален владин празник за оддавање почит на свештеникот Кинг, врз кого беше извршен атентат во 1968.

Претседателот Обама официјално даде заклетва за вториот мандат во неделата, на приватна церемонија во Белата куќа, правејќи го понеделничкиот настан церемонијален. Тој ја користел Библијата на семејството на Мишел за заклетвата во недела.
XS
SM
MD
LG