Линкови за пристапност

Судир на грчката полиција со мигрантите


Грчката полиција која патролира на северната граница на земјата се судри со стотиците мигранти кои се блокирани на преминот кон Македонија. Многумина од нив се бегалци од војната во Сирија.

Илјадници други кои се сместени во близината на Идомени ги игнорира наредбите на властите да се преселат во привремените засолништа во време кога продолжуваат протестите против европските мерки за сузбивање на протокот на мигранти од Блискиот Исток и Јужна Азија.

Мигранти со денови ја блокираа областа околу железничката пруга, барајќи пристап во Македонија и Балканот и потоа да поминат во Западна Европа во потрага по мир и економски просперитет.

Во меѓувреме во Брисел, Европската унија објави дека бројот на мигранти кои заминуваат од Турција за Западна Европа драстично се намалил во текот на минатата недела, во време кога ЕУ работи со Турција да спроведе план за размена за мигранти кои не ги исполнуваат условите за добивање азил.

XS
SM
MD
LG