Линкови за пристапност

Сенатот гласа за затегнати мерки за прифаќање бегалци од Сирија и Ирак


Спротивставени мислења и ставови во врска со ова прашање, иако мерката веќе мина во Претставничкиот дом

Американскиот сенат се очекува да има тест-гласање - дали ригорозно да се ограничи прифаќањето на бегалци од Сирија и Ирак, поради стравувањата од инфилтрирање на терористи од Исламската држава меѓу милионите лица, кои бегаат од ужасното насилство и бруталност во нивните матични земји.

Претставничкиот дом ја усвои мерката кон крајот од минатата година со двопартиска поддршка по терористичкиот напад на Париз. Доколку мине во Конгресот, ќе биде потребно ФБИ, Одделот за домашна безбедност и директорот за Национално разузнавање да потврдат дека бегалците не претставуваат ризик по безбедноста, пред да им биде одобрен азил во САД.

„Јасно е дека Американците се загрижани за способноста на администрацијата правилно да контролира илјадници луѓе од Сирија и Ирак“ изјави лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел. „Американците заслужуваат да имаат процес на проверка во кој тие ќе имаат доверба“, изјави тој.

Белата куќа се огласи дека ваква легислатива е непотребна, бидејќи бегалците веќе се подложени на интензивен процес на проверка кој може да трае и до две години. Белата куќа исто така тврди дека мерката би била контрапродуктивна - ќе го оцрни имиџот на САД во странство и ќе и` овозможи на Исламската држава да ја користи за пропагандни цели.

Минатата година, администрацијата на Обама изјави дека САД ќе прифатат 10.000 сириски бегалци, што е незначителен дел од севкупниот број коишто пристигна во Германија и други земји.

XS
SM
MD
LG