Линкови за пристапност

Надворешната политика на демократската дебата


Фокусот беше на улогите на американските и руски воени сили во Сирија.

Во време кога продолжуваат борбите во Ирак и Авганистан и присуството на американски воени сили во овие земји кои имаат советодавна улога, повеќето од кандидатите изразија резервираност во врска со испраќањето на американски војници во странство.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон се залага за создавање на зона на забранети летови над Сирија, како метод за вршење притисок врз Русија да се ангажира заедно со другите земји во регионот во барањето на политичко решение на кризата. Таа рече дека САД треба да се спротивстават на агресивното однесување на рускиот претседател Владимир Путин.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс рече дека смета оти Путин ќе зажали за неодамнешните активности на Русија во Сирија, и дека тоа веќе се случува кога станува збор за Крим и Украина.

Сандерс кажа дека зона на забранети летови во Сирија „е многу опасна ситуација“, мислење кое го сподели и поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О'Мали.

Поранешниот Сенатор од Вирџинија Џим Веб инсистираше дека најголемиа закана за националната безбедноста на САД е Кина, поради агресиваната политика во регионот и третманот на Пекинг на сопствениот народ.

Поранешниот Сенатор од Род Ајленд Линколн Чафи рече дека „хаосот на Блискиот Исток“, е едно од најголемите национални безбедносни закани со кои се соочува САД.

XS
SM
MD
LG