Линкови за пристапност

Контроверзноста на Денот на Колумбо


Вториот понеделник во октомври за некои во САД е извор на гордост, додека други – не се толку сигурни.

Во САД, 12-ти октомври е значаен зашто се празнува како денот кога кога Кристофер Колумбус ја открил Америка. Востановено е како празник да се слави на вториот понеделник во октомври. За некои е повод за гордеење, особено помеѓу италијанско-американската заедница, бидејќи Колумбус бил Италијанец. Но, за некои овој празник е контроверзен.

Џон Виола, претседател на националната Италијанско-американска фондација, вели дека значењето на празникот е рановидно.

„ На овој празник ни е овозможено да го славиме нашиот придонес во оваа земја, да ја славиме историјата на нашите претци” вели тој. „Мислам дека за останатиот дел на државата Денот на Колумбо е причина да се слави оваа нација на имигранти.”

За некои, Колумбо бил голем истражувач. Некои се навредени од наследството што го оставил.

Џо Генетин Пилава, професор по историја на Универзитетот Џорџ Мејсон, вели дека Колумбо претворил во робови многу од домородците на кои наишол. Стотици илјади други домородци починале од болести донесени од посетителите од Европа.

„Во период од 10 години, откако пристигнале на копно, од 1492 до 1502 година, оценивме дека на староседелците наречени Таино, коишто живееле на Бахамите, популацијата им опаднала од еден милион на 500” вели тој.

Роберт Холден, заменик директор на Националниот конгрес на Американски-Индијанци, вели дека историјата за Колумбус е искривена.

„Отсекогаш било проблематично за племенските заедници на староседелците она што е напишано од лица кои не се припадници на староседелците за публика што не е староседелска”, вели тој.

Дејвид Силверман, професор по историја на Универзитетот Џорџ Вашингтон, вели дека целата приказна треба да биде раскажана.

„Не мислам дека треба да се фокусираме на еден аспект од неговото минато и да занемариме друг. Треба да се поврзат тие за да добиеме тридимензионална личност”, вели тој.

На некои места во САД се слави Денот на староседелците наместо Денот на Колумбо.

Генетин-Пилава вели дека името на празникот треба и формално да биде сменето.

„Дефинитивно мислам дека треба да размислиме дали треба да се слави делото на Кристофер Колумбус како државен празник. Јас ја поддржувам идејата за славење на Денот на староседелците ” вели тој.

Но, Виола не се согласува. Вели дека староседелците треба да имаат друг ден за славење на нивните култури.

XS
SM
MD
LG