Линкови за пристапност

Втор ден на руски напади во Сирија


Цел на нападите биле команден центар и две складишта за муниција на ИСИС

Руски воени авиони, втор ден по ред, вршат воздушни напади во Сирија, и целат на мети врз екстремните милитантите од Исламската држава и борците поддржани од САД, велат набљдувачите.

Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков рече дека руски воени авиони погодиле неколку цели на Исламската држава, вклучувајќи команден центар и две складишта за муниција.

Кремљ призна дека цели „на листата“ се групи кои не се дел од Исламската држава и потврди дека се работи за познати цели, коишто се избрани во координација со вооружените сили на Сирија.

На прес-конференција на маргините на генералното собрание на ОН во Њујорк, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров рече дека руските авиони целат на исти мети како и САД и коалиционите сили.

Во Пентагон, секретарот за одбрана Аштон Картер рече дека коалицијата предводена од САД ќе продолжи со својата воздушна кампања, со што и други држави ќе можат да го зголемат притисокот врз милитантите од Исламската држава.

XS
SM
MD
LG