Линкови за пристапност

Европските министри расправаат за мигрантскиот план


Министрите за внатрешни работи на Европската Унија се среќаваат на разговори за контроверзниот план за распределба преку квоти на повеќе од 100.000 мигранти меѓу земјите членки.

Средбата доаѓа откако минатата недела Европскиот парламент го одобри планот. Но некои источноевропски земји велат дека нема да го спроведат.

Во понеделникот, Унгарскиот парламент ја овласти армијата да користи несмртоносна сила против имигрантите кои се обидуваат нелегално да влезат во земјата.

Унгарија веќе ја запечати границата со Србија со помош на бодликава жица, и унгарски војници можат да користат гумени куршуми и солзавец. Тие исто така може од куќа во куќа да бараат илегалните мигранти.

Десничарскиот унгарски министер премиер Виктор Орбан пред парламентот изјави дека мигрантите „не само што тропаат на вратата, тие ја кршат вратата врз нас."

Други европски земји силно ја критикуваат реакцијата на Унгарија во справувањето со кризата со миграцијата, обвинувајќи ја за користење на насилна тактика слична на нацистичката.

Унгарците се лути на јужните и на источните европски соседи, обвинувајќи ги дека прават малку за контрола на бранот на мигранти кои го преминуваат Медитеранот за да избегаат од војната и сиромаштијата во Сирија, Авганистан и Африка.

Лидерите на Европската унија во средатата одржаа самит посветен на кризата. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ги повика министрите да ги надмминат недоразбирањата во врска со плановите за дислоцирање на бнегалците.

Некои земји, кои првично им понудија добредојде на мигрантите, како што се Германија и Хрватска, сега се залагаат за ограничен влез, оставајќи многумина без засолниште и храна.

Германија предложи систем на квоти за 28-те членки на ЕУ.

Полскиот министер за надворешни работи, Гжегож Шетина во весникот Политико Европа вчера кажа дека Полска нема против преземање на бегалци, но дека ЕУ треба да ги одвои легитимните бегалци од економски мигранти. Тој, исто така, рече дека водачите на ЕУ треба да се справат со причината за кризата.

Годинава речиси половина милион имигранти пристигнаа во Европа. Застапниците за човекови права велат дека околу 40 проценти доаѓаат од Сирија.

Американскиот државен секретар Џон Кери кажа дека САД планираат да издадат 100.000 визи за бегалци годишно почнувајќи од 2017 година - зголемување од сегашните 70.000.

XS
SM
MD
LG