Линкови за пристапност

Франција им оддаде почит на спречувачите на терористичкиот напад


Одликувани се Британецот Крис Норман и Американците Спенсер Стоун, Алек Скарлатос и Антони Садлер.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денес додели медал Легија на честа, најголемото одликување во Франција, на еден Британец и тројца Американци кои онеспособиле вооружено лице на брз воз во петокот.

На церемонија во Париз, Оланд ги одликува Британецот Крис Норман и Американците Спенсер Стоун, Алек Скарлатос и Антони Садлер. Тој кажа дека нивните акции минатата недела во очи на теророт даваат „порака на храброст, солидарност и надеж“.

„Терорист решен да нападне. Имал доволно муниција да изведе масакр, и тоа ќе го направел ако вие не го совладавте ризикувајќи го вашиот живот“, рече Оланд.

Шпанските власти го идентификуваа напаѓачот роден во Мароко, како 25-годишниот Ајоуб Ел-Казани, кој минатата година минал време во Сирија. Се качил на возор во Брисел кусо време пред нападот.

Неговиот адвокат тврди дека тој само сакал да ги ограби патниците, а не да изведе терористички напад.

XS
SM
MD
LG