Линкови за пристапност

Кина натамошно го девалвираше јуанот


Втор ден по ред, јуанот паѓа; По речиси два проценти во вторникот, во среда опадна за уште 1,6 проценти.

Кина дозволи вредноста на нејзината валута да падне втор ден по ред, повторувајќи го изненадувачкиот потег од вторникот што ги потресе глобалните пазари и може да ги зголеми тензиите со нивните трговски конкуренти.

Вредноста на кинескиот јуан изгуби 1,6 проценти во среда откако падна близу два проценти ден порано, што беше најголем дневен пад за една деценија.

Кинеската централна банка, која стриктно ја контролира валутата, го опиша потегот како привремен и со цел да го направи јуанот повеќе пазарно ориентиран.

Одлуката би можела да поттикне растеж и да ги зајакне кинеските извозници. Поевтин јуан го прави извозот на државата поконкурентен.

Има стравувања дека одлуката може да поттикне други нации да ги девалвираат своите валути. Тие грижи зајакнаа во средата кога Виетнам дозволи неговата валута, донгот, да ослабе.

XS
SM
MD
LG