Линкови за пристапност

Втор Американец обвинет од властите на Зимбабве за убиство на лав


Покрај заболекарот Волтер Палмер, од Минесота, Зимбабве бара екстрадиција и на лекарот Јан Касимир Сески од Пенсилванија

Зимбабве го обвини лекарот од Пенсилванија Јан Касимир Сески за илегално убивање на лав близу Националниот парк Хванге во април, со лак и стрела. Сопственикот на земјиштето и организатор на сафарито Хедман Сибанда бил уапсен во случајот. Властите на Зимбабве го суспендираа ловењето на лавови, леопарди и слонови во областа на Хванге.

Минатата недела, веста за убиството на добро познат лав со црна грива наречен Сесил од страна на Волтер Палмер предизвика меѓународна лутина на социјалните медиуми.

Во соопштение од вторникот Палмер кажа дека верувал оти постапувал легално кога ја убил Сесил на 1-ви јули. Тој рече дека користел професионални водичи и обезбедил потребни дозволи.

Водичот на Палмер, Тео Бронкхорст, треба да биде изведен на суд во Зимбабве во среда.

И во САД се испитува случајот на Палмер. Заболекарот не бил виден во јавност од објавувањето на веста минатата недела. Неговата ординација е затворена и тој наводно добивал закани со смрт.

Во Вашингтон, американскиот сенатор Роберт Мендез претстави легислатива за забрана на увоз на големи жувотински трофеи, и проширување на забраната на увоз на видови предложени за листата на оние со опасност за исчезнување или веќе на таа листа.

XS
SM
MD
LG