Линкови за пристапност

Обама во Кенија


Строги услови на безбедност за дводневната посета

Барак Обама пристигна во Кенија каде што владеат крајно строги услови на безбедност за дводневната посета на американскиот претседател.

Претседателот на Кенија Ухуру Кенијата го пречека Обама на аеродромот во Најроби. Улиците на градот се исчистени и разубавени специјално за посетата на Обама којашто Кенијците ја третираат како враќање на неговите корени.

Кенијците прославуваат на улиците по веста дека американскиот претседател Барак Обама пристигнал во Најроби
Кенијците прославуваат на улиците по веста дека американскиот претседател Барак Обама пристигнал во Најроби

Еден од клучните моменти на посетата е Глобалниот самит за претприемништво, којшто по прпвпат ќе се одржи во Кенија. Обама, во својство на специјален домаќин, ќе говори на собирот во сабота.

Кенија има посебно значење за американскиот претседател. Неговиот татко е родум од Кенија, погребан е во руралниот, западен дел на земјата, а служел во владата на првиот кениски претседател. Обама последен пат ја посети земјата како сенатор во 2006-та.

„Претседателот Обама не е само еден од американските претседатели. Тој има африкански корени, така што ова е значајно на посебен начин“, коментираше кенискиот заменик-претседател Вилијам Руто.

По Кенија, Обама ќе замине за Етиопија и ќе стане првиот американски претседател којшто ја посетил оваа држава.

XS
SM
MD
LG