Линкови за пристапност

Исламските бунтовници заземале сириска болница


Американскиот Стејт департмент ја брани американската кампања за пораз на групата.

Исламските бунтовници продолжиле да напредуваат во северна Сирија во петокот, преземајќи болница каде владините сили кои со недели биле под опсада.

Сириската Опсерваторија за човекови права вели дека поврзаниот со ал-Каида Фронт ал-Нусра презел „комплетна контрола“ врз болница на периферијата на Јиср ал-Шугхур.

Десетици владини војници и други се забаракадирале во болницата од крајот на април. Нивната судбина не се знае, иако Нусра кажа преку Твитер дека војниците биле гонети.

Ал-Нусра минатиот месец ја презеде контролата врз Јисир ал-Шугхур, клучен град што беше еден од последните владини упоришта во провинцијата Идлиб.

Борците на претседателот Башар ал-Асад претрпеле серија порази од исламските бунтовници изминативе денови.

Исламската држава неделава ги истисна владините трупи од античкиот град Палмира, ставајќи во ризик од уништување 2.000 години стари артифакти.

Палмира е место заштитено од УНЕСКО, за кое шефицата на агенцијата на ОН вели дека е „родно место на човечката цивилизација“. Доколку Исламската држава ги уништи антиквитетите, таа вели дека би било „огромен губиток за човештвото“.

Милитантите ги сметаат статуите и другите антиквитети за богохулни. Тие беа осудени од меѓународната заедница порано годинава кога со булдожери уништија историски руини во ирачкиот град Нимруд и уништија драгоцени идоли во Мосул.

Со најновите победи на исламистите, Опсерваторијата со седиште во Британија вели дека сириската влада сега контролира помалку од половина од територијата на државата.

Портпаролката на Стејт департментот Мари Харф во четврток кажа дека САД не се согласуваат со оценката на сириската Опсерваторија. Таа исто така ја бранеше американската кампања за пораз на групата Исламска држава, среде повиците од некои американски законодавци за засилување на напорите.

Харф кажа дека со американската стратегија „се одземени некои делови од нивна команда и контрола“. Прекинати се нивните комуникации. Одземен е поголемиот дел од изворот за финансирање – нафтата. Така, ние имаме стратегија што го задушува нивното финансирање, што отстранува нивни борци ... прекинувајќи начините да дојдат до нови странски борци, и секој ден отстранува нивни борци од бојното поле."

Во интервју за магазинот „Атлантик“, претседателот Барак Обама губитокот на стратешкиот ирачки град Рамади заземен од Исламската држава неделава го нарече „тактички чекор назад“. Тој кажа дека Рамади бил ранлив бидејќи бил бранет од Ирачани кои се` уште не биле обучени од американските сили.

Претседателот кажа дека додека на Ирачаните САД им даваат се` што им треба да ја обезбедат својата држава, „Вашингтон не може тоа да го стори наместо нив“.

Портпаролот на Пентагон Стив Ворен во четврток кажа дека САД ќе достават 2.000 противтенковски ракети следната недела за да им помогне на ирачките сили да одговорат на заканите од самоубиствени бомбаши.

Ворен кажа дека АТ-4 ракетите се портабл, за нив не треба голема обука за употреба и можат да уништат возило во движење поефикасно отколку со лесно оружје.

XS
SM
MD
LG