Линкови за пристапност

Исламската држава го зазела античкиот град Палмира


Сириската опсерваторија за човекови права вели дека локацијата под заштита на УНЕСКО била заземена од екстремистите во среда.

Групата Исламска држава сега ја има контролата врз познатите урнатини од римската ера во античкиот град Палмира, неколку часа откако го зазела сирискиот град од владините сили, според една мониторинг група.

Сириската опсерваторија за човекови права вели дека исламските милитанти ја презеле две илјади години старата локација под заштита на УНЕСКО во средата вечер.

До сега нема извештаи за уништување на руините. Но екстремистите на исламската држава имаат ограбено голем број антички локации при заземањето на територија, осудувајќи ги како пагански и неисламски.

Директорот на сириските антиквитети Мамун Абдулкарим кажа дека стотици статуи биле отстранети од градот пред влегувањето на Исламската држава. Други артифакти биле премногу големи и не можеле да бидат поместени.

„Терористичкиот напад на Исламската држава врз Палмира е за одмазда на сириското општество и цивилизација“, кажа Абдулкарим на државната новинска агенција САНА. Тој исто така беше критичен спрема меѓународната заедница заради неправење ништо за заштита на локацијата.

Милитантите ги истиснале речиси сите сириски владини трупи надвор од историскиот пустински град до доцна во средата, по еднонеделната опсада и тешки борби на северот на градот, според Опсерваторијата.

Портпаролката на Стејт департментот Мари Харф во среда кажа дека американските претставници се загрижени и се надеваат дека локациите во Палмира нема да бидат оштетени. Но таа кажа дека не е сигурна што уште може да биде сторено во овој момент.

XS
SM
MD
LG