Линкови за пристапност

Кери во ненајавена посета на Сомалија


Американскиот државен секретар е првиот висок американски дипломат во посета на оваа држава.

Стејт департментот соопшти дека Кери слетал на аеродромот во Могадишу на пладне по локално време и ќе се сретне со владини официјални лица за време на неговата посета. Се очекува дискусиите да се фокусирани на безбедносни прашања, напредокот на Сомалија кон исполнување на реформите и развојните цели пред изборите планирани за следната година.

Кери се очекува да се сретне и со лидери од цивилниот сектор и ќе се заблагодари на трупите на Африканската Унија за нивната улога во стабилизирањето на земјата, по повеќе од две децении без функционална влада, како и тековната битка против милитанти на ал-Шабаб.

Во понеделникот во кенскиот главен град Најроби, Кери најави милиони долари нова помош за Африка.

Кери рече дека дополнителното финансирање од 45 милиони долари ќе биде обезбедено за помош на УНЦХР во згрижувањето на 600.000 бегалци кои живеат во Кенија. Тој ја го пофали Најроби за прифаѓање на бегалците.

Исто така во понеделникот, Кери им оддаде почит на жртвите од бомбашките напади во 1998-ма пред американската амбасада во Најроби и серијата понови напади, ветувајќи натамошна поддршка во борбата против тероризмот.

Кери се сретна и со кенискиот претседате Ухуру Кенјата со кого разговараше за поефикасен договор за справување со заканите од ал-Шабаб, чие седиште е во соседна Сомалија.

XS
SM
MD
LG