Линкови за пристапност

Сенатот усвои буџет што отвара битка со Обама


Документот предлага големи федерални скратувања во здравствената заштита

Американскиот Сенат усвои предлог закон што предвидува длабоки скратувања во федералниот буџет, отварајќи простор за борба меѓу конгресните републиканци и демократскиот претседател Барак Обама.

Во сесија што траеше цела ноќ до рано во петокот, сенаторите ја усвоија нивната верзија на балансиран буџетски план што предлага 5,1 трилион долари намалување на трошоците во текот на наредната деценија. Поголем дел од заштедата ќе дојде од скратувања во здравствената заштита. Финансирањето на армијата би се зголемило.

Буџетскиот план на Сенатот за 2016-та е сличен на претходно одобрениот неделава од Претставничкиот дом за балансирање на буџетот наредниве девет години. Двете тела контролирани од републиканците треба да ги отстранат разликите во нивните предлози за две недели кога завршува одморот на Конгресот.

Републиканските планови најверојатно ќе наидат на отпор кај претседателот Обама, кој во февруари изнесе буџетски план од 4 трилиони долари со кој се креваат даноците и се трошат големи суми за подобрување на инфраструктурата на САД.

Сепак, плановите на републиканците и на Обама се слични кога се работи за трошоците на одбраната.

XS
SM
MD
LG