Линкови за пристапност

Македонија: По студентите, на улични маршеви излегуваат средношколците


Протести се планирани покрај Скопје и во Струга, Струмица, Кочани, Неготино и Ресен.

По примерот на студентите и средношколците решија да излезат на протести против ектерното испитување.

Утре Средношколскиот пленум повика на марш во Тетово, а за четврток во Скопје. Од пленумот рекоа дека слични протести ќе се организираат и во Струга, Струмица, Кочани, Неготино и Ресен.

Тие велат дека „екстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди, неспроведливо и дел од „реформи“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да ги разрешат образовните проблеми во државата“.

„Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може, и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа“, велат од пленумот, барајќи одредбите од Законите за основно и средно образование кои се однесуваат на екстерното тестирање, „итно и неодложно да бидат ставени во мирување“.

Тие повикуваат на влегување во сеопфатна дебата, во која ќе бидат вклучени учениците и наставниците.

Инаку денеска, еден ден пред првиот нивни марш во некои средни училишта осамнаа плакати на кои средношколците, во име на пленунот, се повикуваат да не дозволат да бидат манипупирани во политички цели и да не излегуваат на протест.

И покрај притисоците, средношколските се одлучни да ги спроведат маршевите преку кои како што велат, го искажуваат револтот од лошите образовни реформи кои го вклучуваат и новиот начин на државна матура и екстерното тестирање, под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“.

XS
SM
MD
LG