Линкови за пристапност

Обама сака САД да поведат во „нова ера“ во медицината


Предлогот на претседателот за оваа намена да се одвојат 215 милиони долари треба прво да биде усвоен од републиканскиот Конгрес.

Американскиот претседател Барак Обама сака да инвестира 215 милиони долари во нова здравствена иницијатива што ќе помогне да се направи медицински третман на генетичката слика на поединецот.

Претседателот Обама во петок ќе предложи поголем дел од парите да одат во Националниот институт за здравје и нивните соработници, Националниот институт зарак за развој на „прецизна медицина“; третман што ќе го замени сегашниот медицински приод унифициран за сите.

Во соопштение од Белата куќа се вели дека „повеќето медицински третмани се дизајнирани за „просечен пациент“ како резултат на што третманите може да бидат успешни за некои, но не и за други пациенти.

Парите може да бидат употребени за собирање дата на податоци за гени, хемикалии и животен стил од милиони волонтери кои би биле проучени за да се утврди колку генетичките варијации влијаат на здравјето и болестите.

Но прво, иницијативата, која е дел буџетот на демократскиот претседател за 2016-та, мора да биде одобрена од Конгресот контролиран од републиканците.

Обама во неговото последно обраќање до нацијата за состојбата на Унијата кажа дека сака „држава која го елиминирала полиото и која го мапирала човечкиот геном за да води кон нова ера во медицината.“

XS
SM
MD
LG