Линкови за пристапност

Севернокорејскиот лидер се очекува да ја посети Русија во мај


Ова би била прва посета во странство на Ким Јонг Ун, но не е потврдено дека токму тој е во делегацијата

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изгледа дека е подготвен да патува во Русија во мај на прва посета во странство откако го наследи татко му на функцијата во 2011-та.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап во среда потврди дека Ким е меѓу севернокорејската делегација која ја прифатила поканата за одбележување на 70-та годишнина на советската победа врз Германија во Втората светска војна.

Јонхап ја цитира руската влада со изјавата „околу 20 државни лидери го потврдиле присуството, и севернокорејскиот лидер е меѓу нив“.

Доколку Ким присуствува, ова ќе биде негова прва посета во странство откако дошол на власт. Но Пјонгјанг би можел наместо него да го испрати Ким Јонг Нам, севернокорејскиот номинален шеф на држава.

Кина е исто така кандидат за прва официјална посета на Ким Јонг Ун во странство, но релациите со најсилниот севернокорејски сојузник се затегнаа откако тој дојде на власт по татко му Ким Јонг Ил.

И Русија и Кина потпишаа договори со ОН за казнување на Северна Кореја заради продолжителното развивање на нуклеарно оружје, но Кина зазеде посилна позиција.

Санкциите заеднички договорени меѓу САД и Кина беа одобрени од Советот за безбедност во март 2013-та. Русија е постојана членка на Советот за безбедност.

XS
SM
MD
LG