Линкови за пристапност

САД и Куба на втор ден преговори во Хавана


Фокус на завршниот ден на средбите е отварање на амбасади во главните градови на државите.

САД и Куба втор ден разговараат во Хавана со цел да ги обноват дипломатските релации по повеќе од 50 години.

Повторното отварање на амбасади во главните градови на двете држави е фокус на преговорите меѓу непријателите од Студената војна. Вашингтон ќе побара од Куба да ги крене рестрикциите за одреден број американски дипломати испратени на островот, како и ограничувањата за нивно патување за време на престојот.

Двете страни вво среда разговараа за имиграцијата, вклучувајќи ја и долгорочната политика на Вашингтон да им дозволи на Кубанците да останат во земјата откако ќе стапнат на американско тло. Хавана вели дека политиката ги поттикнува Кубанците да го направат опасното патување од 144 километри низ води со ајкули.

XS
SM
MD
LG