Линкови за пристапност

Училишта без настава поради штрајкот на СОНК


Денеска штрајкуваат вработените во образованието науката и културата, а претседателот на синдикатот изјави дека е задоволен од одзивот.

Претседателот на Синдикатот на вработените во образованието науката и културата, Јаким Неделков, изјави дека е задоволен од одзивот на членството „и покрај опструкциите“ кои рече дека се вршеле да се спречи штрајкот.

СОНК ја донесе оваа одлука по неуспехот да се оствари дијалог со власта за своите барања, како зголемување на платите за 25 отсто, укинување на паричните казни за наставниците според резултатите од екстерното тестирање, рационализација на педагошката администрација и примена на коефициентите по колективен договор во градинките.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вчера пред започнувањето на штрајкот се пожали дека врз нивното членство се вршело притисок за да се спречи штрајкот.

Денеска голем дел од училиштата ја почитуваат одлуката на СОНК и според инструкциците тие се присутни во училиштатата, но не ја држат насатавата. Сепак има и такви кои не ја почитуваат ова одлука и ја оддржуваат редовната настава.

Претседателот Неделков изјави дека оние кои не ја почитуваат одлуката ќе бидат исклучени од членството во СОНК.

Неделков денеска изјави дека е задоволен од одзивот. Тој исто така најави дека овој штрајк ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Од Министерството за образование за сега немаат коментар за оваа одлука на Синдикатот на вработените во културата, науката и образованието.

XS
SM
MD
LG