Линкови за пристапност

Судијката Гинсбург се чувствува добро


81-годишната судијка на највисокиот суд во државата имала срцева операција, но нема знаци дека се повлекува од функцијата.

На судијката на Врховниот суд на САД, Рут Бејдер Гинсбург, и` е всаден стент за време на срцева процедура како интервенција на блокада во нејзината десна коронарна артерија.

Најстарата членка на највисокиот суд во државата се чувствува добро по операцијата и се очекува да ја напушти болницата за 48 часа.

Гинсбург почувствувала „нелагодност“ за време на рутинско вежбање со нејзиниот личен тренер кога била однесена во болница.

Осумдесетиедногодишната судијка имала неколку здравствени проблеми последниве 15 години, но не пропуштила ни ден во судот. Таа била дијагностицирана со рак на дебело црево во 1999 и минала низ операција, хемотерапија и радијација. Деценија подоцна, таа имала операција заради рак на панкреас, болест што била фатена во зачеток.

Стент е мрежeста туба користена за подобрување на протекот на крвта во затнати артерии.

XS
SM
MD
LG