Линкови за пристапност

ЕУ ја намалува економската прогноза


Стапката на очекуван растеж е намалена од 1,1 на 0,8 проценти.

Европската унија го намали очекувањето за и онака ниското предвидување за економски растеж, индицирајќи дека опоравувањето во државите на ЕУ ќе остане бавно.

Економијата на Еврозоната составена од 18 држави ќе порасне само за 0,8 проценти годинава. Тоа е намалување од претходната цифра од 1,2 проценти.

Прогнозата за растеж за 2015-та исто така беше намалена – на 1,1 процент.

Официјални претставници кажаа дека Франција и Италија остануваат проблематични за опоравувањето на европската економија.

Потпретседателот на ЕУ (за работни места и растеж) Јирки Катаинен кажа дека „економската и ситуацијата со вработувањето не се подобрува доволно брзо“.

XS
SM
MD
LG