Линкови за пристапност

Отчет на поранешниот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, за мандатот во Вашингтон


Не гледам дека САД се подготвени да влезат во овој процес со ставови или барања, кажа Јолевски за ангажманот како преговарач за името.

Поранешниот македонски амбасадор во САД и преговарач за името, а сега министер за одбрана Зоран Јолевски на седница на собраниската Комисија за надворешни работи даде отчет за сработеното за време на неговиот мандат во Вашингтон.

Една од темите за кои зборуваше е неговиот ангажамн во САД и како преговарач за името со Грција во процесот под покровитслетво на ООН.

„Во моментов“, рече Јолевски, „не гледам дека САД се подготвени да влезат во овој процес и со некои нивни ставови или барања да наметнат вакво или онаквo решение“.

„Моето чувство е дека засега таква позиција не постои, меѓутоа притисокот, според мене, се врши подеднакво и на Македонија и на Грција“, рече Јолевски.

Во отчетот претставувајќи ја низ бројки својата работа во САД во изминатите седум години тој наведе организирање на стотици посети на македонски делегации, парламентарни и владини, неколку молитвени појадоци, 14 настапи пред лоби групи и прфесионални здруженија пред самитот во Чикаго, 15 колумни за Македонија, над илјада посети на американски компании, организирање на работни ручеци и вечери во амбасадата.

„Дваесет и пет до 30 отсто од времето, го поминавме во создавање нови пријателства во Конгресот, за да дојдеме до едно повисоко ниво на соработка па дури и блискост“, вели Јолевски.

Како особено важна во односите на САД и Македонија ја спомна соработката со мисиите во Авганистан, за што сведочи и еден, како што го нарече „светол момент“:

„Кога се случи нападот врз американската амбасада во Кабул, еден пријател од Советот за национална безбедност во САД ми покажа видео снимка на кој се гледа како војници од други држави се движат во правец обратен од амбасадата, додека нашите војници трчаат кон амбасадата да ја заштита“, раскажува Јолевски.

XS
SM
MD
LG