Линкови за пристапност

Ебола во Њујорк


Лекар кој третирал болни од ебола во Гвинеја, со групата Лекари без граници, по враќањето во Њујорк покажал симптоми на болеста.

Лекар од Њујорк, кој неодамна третирал жртви на ебола во Гвинеја стана првото лице во градот Њујорк да биде дијагностицирано со вирусот.

Градоначалникот Бил де Бласио го потврди случајот доцна во четвртокот, велејќи дека д-р Грег Спенсер бил ставен во изолација и дека нема причина за паника.

Спенсер во четвртокот ја известил лекарската добротворна група Лекари без граници – каде што работел – дека има висока температура и нагон за повраќање, што се два од симптомите за ебола.

Официјалните лица бараат секој што може да бил во контакт со него. Спенсер е четвртото лице дијагностицирано со ебола во САД, и прво во Њујорк.

Порано во четвртокот, западноафриканската држава Мали пријави прв случај на ебола, што може да биде уназадување за напорите на Африка да ја стават болеста под контрола.

Еболата до сега уби 4.900 луѓе главно со концентрација во три држави, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Лидерите на Европската унија во петок соопштија дека обезбедиле 1,25 милијарди долари за да помогнат во борбата со кризата на ебола во Западна Африка. Соопштението дојде по самитот на членките на ЕУ во Брисел, во четвртокот.

XS
SM
MD
LG