Линкови за пристапност

Нови откритија за пропустите на Тајната служба


Неколку часа по сведочењето на шефицата на службата во Конгресот, откриен е друг пропуст кој таа не го споменала на распитот.

Американските медиуми открија друг голем пропуст на обезбедувањето што ја инволвира агенцијата одговорна за заштита на претседателот Барак Обама и неговото семејство.

Извештаите велат дека вооружен стражар на приватна фирма за обезбедување влегол во лифт со Обама за време на неговата посета на Центрите за контрола и превенција на болести во Атланта минатиот месец да разговара за кризата со ебола. Стражарот почнал да го слика претседателот со камера на неговиот мобилен телефон, игнорирајќи ги барањата на Тајната служба да престане.

Тајната служба не знаела дека стражарот носел оружје додека не бил отпуштен од работа од неговиот шеф, и подоцна разбрале дека претходно лицето имало три пресуди за физички напад.

Инцидентот од Атланта бил откриен неколку часа откако шефицата на Тајната служба Џулија Пирсон сведочеше пред конгресна комисија за случајот на армиски ветеран кој ја прескокнал оградата и влегол во Белата куќа пред да биде совладан, на 19 септември, што е само три дена пред инцидентот во Атланта.

XS
SM
MD
LG