Лидерот на ДУИ ја повика меѓународната заедница да се вклучи поактивно во посредување за изнаоѓање компромисно решение со Грција:
„Ние сме убедени дека сме многу блиско до решението, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво и потоа решението ќе се постигне. Во овој правец, очекуваме целосна подршка и многу активна ангажираност од новиот состав во телата на ЕУ, вклучително од Г. Јункер, Госпоѓата Могерини и Г. Јоханес Хан. Успехот на овој процес претставува заокружување на нашата заедничка инвестиција во Македонија, но истовремено ќе ги релаксира видливо и меѓуетничките односи како и имплементацијата на духот на Охридскиот Договор, ќе придонесе кон мирот, одржливата стабилност и сигурност во земјава и регионот, но и за економскиот развој“, изјави Али Ахмети.
„Се надеваме дека на 8 октомври, Комисијата за проширување на ЕУ ќе ја повтори препораката за добивање на датум за преговори и се надеваме дека декемврискиот самит на ЕУ ќе биде поттик за финалниот бран на преговори помеѓу Скопје и Атина“, додаде Ахмети.
Али Ахмети во оваа прилика ја нагласи приоритетната заложба на неговата партија за интегрирњето на Македонија во евроатлантските структури и нагласи дека ДУИ заедно со партнерите во владата работат на остварувањето на таа цел.