Линкови за пристапност

Корејска авиокомпанија ги суспендира летовите во Африка


Како мерка за спречување на ширењето на епидемијата на ебола, Кореан Ерлајнс нема да лета во Најроби, Кенија

Уште една авиокомпанија ги суспендираше летовите до Африка, додека епидемијата на ебола продолжува да расте во четири западноафрикански држави.

Кореан Ерлајнс во четврток кажа дека привремено ќе ги запре летовите до и од кенискиот главен град, Најроби, во, како што кажа, мерка за запирање на ширење на еболата.

Во Кенија не се пријавени случаи на ебола, но Светската здравствена организација ја класифицираше источноафриканската држава како област со голем ризик за болеста заради нејзината улога како голема сообраќајна крстосница.

Порано, Бритиш Ервејз и блискоисточната авиокомпанија Емирати ги суспендираа услугите до делови на Западна Африка како одговор на избивањето на епидемијата на ебола.

Според последните информации од СЗО, од средата, 1.069 лица умреле од ебола годинава во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне. Вкупниот број случаи во регионот е нешто помалку од 2.000.

XS
SM
MD
LG