Линкови за пристапност

Израел и Хамас започнуваат 72-часовно примирје


Израел исто така соопшти повлекување на своите преостанати трупи од крајбрежната енклава.

Седумдесет и двочасовното примирје меѓу Израел и Хамас влезе во сила рано во вторник во Појасот Газа, додека се интензивираат напорите за постигнување на долгорочен прекин на конфликтот.

Пред самиот почеток на примирјето во осум часот наутро по локално време, Израел соопшти повлекување на своите преостанати трупи од крајбрежната енклава. Армискиот портпарол, потполковникот Петер Лернер на новинарите во вторник им кажа дека војниците ќе бидат прераспоредени на одбранбени позиции надвор од Газа и истите ќе ги одржуваат.

Израелската армија вели дека ги уништила последните од 32-та познати тунели што Хамас ги користел за обиди за прекугранични напади.

Повлекувањето на израелските трупи беше главното барање на Хамас, чии делегати се очекува да пристигнат во Каиро во текот на неколкуте наредни дена за преговарање со египетските и израелските претставници за продолжување на примирјето.

Ова е најнов обид за прекин на четиринеделното насилство во кое беа убиени повеќе од 1.800 Палестинци, главно цивили, како и 64 израелски војници и тројца израелски цивили.

Неколку обиди за примирје пропаднаа, вклучувајќи го и оној од минатиот петок, кога наводното тридневно примирје беше нарушено по само два часа.

Американскиот Стејт департмент во понеделникги поттикна двете страни „комплетно“ да го почитуваат најновиот обид за примирје, велејќи дека тоа може да помогне за потрајно решение. /лк/

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун исто така го пофали примирјето, велејќи дека разговорите може да продолжат „колку што е можно побрзо“ за да се постапи по „прашањата кои се во основата“.

XS
SM
MD
LG