Линкови за пристапност

Русија започнува со воени вежби близу украинската граница


Официјални лица велат дека вежбите во кои се инволвирани над 100 борбени авиони и хеликоптери ќе траат заклучно со петок.

Руски официјални лица велат дека армијата започнува со вежби во понеделник во централните и западните региони на државата, што ќе го вклучат и украинскиот пограничен регион.

Официјални лица велат дека вежбите во кои се инволвирани над 100 борбени авиони и хеликоптери ќе траат заклучно со петок.

Иако соопштението не ја спомнува Украина, воените вежби ќе ги зголемат тензиите во веќе немирниот регион.

Во неделата, смртоносни судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти продолжиле додека истражителите ја пребарувале локацијата на уривањето на авионот трет ден по ред.

Локални претставници во Донецк велат дека шест лица биле убиени во гранатирање меѓу дветестрани. Новинската агенција Ројтерс вели дека три други лица биле убиени во Луханск.

Во меѓувреме, останки на повеќе жртви од летот 17 на Малезија Ерлајнс пристигнале во Каркив во неделата за да бидат подготвени за пренесување во Холандија.

Раководителот на холандската полициска мисија која работи на местото на уривањето на авионот вели дека екипите завршиле со пребарување на една од петте зони на местото на уривањето. Тој кажа дека комплетирањето на потрагата ќе трае најмалку три недели.

XS
SM
MD
LG