Линкови за пристапност

Израел проддолжува со офанзивата во Газа


Израелскиот премиер кажа дека е подготвен да ја прошири операцијата

Израелски трупи поддржани од тенкови, авиони и воени бродови продолжуваат да напредуваат кон Појасот Газа во петок, на вториот ден од копнената инвазија на палестинска територија.

Палестински медицински лица велат дека најмалку 21 жител на Газа бил убиен од почетокот на копнената офанзива, која има за цел уништување на тунелите кои милитантите ги користеле за напади на израелски цели.

Израелската армија извести за прва жртва рано во петокот кога војник бил убиен за време на судирите со борци од Хамас, исламистичка група што го контролира Појасот Газа.

Израелската армија преку Твитер кажа дека во текот на ноќта биле убиени 14 милитанти, уништени 20 минофрлачи, изведени девет напади на тунели и погодени вкупно 103 „терористички цели“.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во петок кажа дека е подготвен „значително да ја прошири“ офанзивата, која сега изгледа полимитирана од операцијата во 2008 и 2009 кога околу 1,400 Палестинци и 13 Израелци беа убиени.

XS
SM
MD
LG