Линкови за пристапност

Можно решение за Кипар уште годинава


Лидерот на кипарските Турци верува дека за решение на деценискиот спор

Лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу верува дека е можно решение за 40-годишниот поделен Кипар уште годинава.

Ероглу по разговорите со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека негова цел е постигнување договор со кипарските Грци во најкус можен рок, по што обете страни ќе го стават договорот на гласање на одделни референдуми.

Портпаролот на ОН рече дека Бан ја реафирмираше личната определба за решение за Кипар, со цел да им помогне на двете страни да постигнат договор.

Разговорите за обединување на Кипар продолжија во февруари по речиси двегодишниот ќорсокак во преговарачкиот процес поради чувствителните прашања, како правото за поседување имот и ограничувањето на бројката на грчки и турски војници на oстровот.

Кипар е поделен на турски - северен и грчки - јужен дел од 1974-та, кога турските војници извршија инвазија како одговор на воениот удар од Кипарци кои сакаа Кипар да стане дел од Грција.

Само Турција официјално ја признава владата на кипарските Турци во северниот дел од oстровот.

Кипар стана членка на ЕУ во 2003-та, но само грчкиот дел од oстровот ги ужива придобивките.
XS
SM
MD
LG