Линкови за пристапност

Аналитичарите велат дека економијата во САД ќе продолжи да расте


Рамномерниот напредок ќе продолжи и низ 2015-та, а стапката на невработеност ќе се намали на 6,1 процент.

Група од американски бизнис економисти вели дека гледа рамномерен напредок на американската економија во текот на следната година со проширено производството во државата и паѓање на стапката на невработеност.

Националната асоцијација за бизнис економија вели дека невообичаено студената и снежна зима го попречила економскиот растеж изминатите три месеци, но дека очекува економската експанзија да забрза во текот на 2015-та.

Панелот на групата од 48 економисти кажа дека напредокот од јануари до март најверојатно ќе достигне слаби 1,9 проценти. Но исто така кажа дека растежот може да ја заврши годината со стапка од над три проценти.

Панелот предвиде 2,8 проценти за целата 2014-та за најголемата светска економија, што е повеќе од 1,9 проценти во 2013-та. Исто така проектира 3,1 процент и напредок во 2015-та.

Претседателот на групата, Џек Клаинхенц кажа дека пазарот на работна силана државата, малопродажбата и индустријата за домување се очекува да се подобрат во текот на следните две години.

Бизнис групата вели дека стапката на невработеност во државата ќе се намали на 6,4 проценти годинава и на 6,1 процент во 2015-та.
XS
SM
MD
LG