Линкови за пристапност

Примирје во Киев


Опозицијата го почитува вториот круг разговори на претседателот Јанукович со нивните лидери.

Огнот на барикадите е изгаснат во главниот град на Украина, Киев, во четвртокот откако антивладините протестанти се согласија на краткотрајно примирје во судирот со полицијата додека претседателот Виктор Јанукович го заврши вториот круг на средби со опозиционите лидери.

Опозиционите лидери, вклучувајќи го и боксерот кој стана политичар Витали Кличко, бараат оставка на владата на премиерот Микола Азаров, предвремени претседателски избори и симнување на неодамна поставените ограничувања на протестите. Во среда тие поставија рок од 24 часа Јанукович да се согласи на нивните барања.
XS
SM
MD
LG