За да ја задржиме остроумноста на мозоците додека старееме, треба тие да бидат постојано активни. Сепак, постојат малку научни докази да ја поддржат оваа теорија, вели психологот Денис Парк од Универзитетот на Тексас во Далас.
„Главно заради тоа што е мошне тешко да се прават екперименти со луѓе“, вели Парк.
Овој психолог е на чело на Центарот за витална долговечност при Универзитетот. Креирала студија во која заедно со тим колеги по случаен избор назначила 221 постаро лице, со одлично здравје, во секоја од три различни групи.
„Баравме од луѓето да учат нови работи, како да изработуваат таписерии или да се занимаваат со фотографија. Од други побаравме да прават нешто забавно, како членство во група за социјализирање. Од трети пак очекувавме да бидат активни, во домашни услови, што пак би помогнало на нивната когнитивна или ментална функционалност, но од кои не се очекува големо влијание“, изјави Парк.
Учесниците се вклучиле во назначената активност 15 часа неделно во период од три месеци.
Откриено е дека возрасните кои се здобиле со нови вештини, како дигитална фотографија или изработка на таписерии или пак двете, имале најдобри подобрувања на тестовите за помнење.
Но, карактеристично е што не биле регистирани подобрувањата кај оние кои извршувале активности заедно, како патувања или меѓу третата група испитаници кои слушале класична музика на пример или решавале крстозборка.
Парк верува дека клучот за добро помнење кај групата со активно учење, е што учесниците биле постојано соочувани со нови предизвици, да научат нови вештини.
Парк додава дека најновите податоци покажуваат оти подобрувањата биле актуелни најмалку една година, а заедно со својот тим најави натамошно следење на ситуацијата кај учесниците. Таа е љубопитна да открие дали ангажирањето во наложени ментални активности, може да ја успори појавата на болести како Алцхамеровата.
Написот за бенефициите за учење нови вештини кај постарите лица е објавен во журналот Психолошка наука.