Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија и Здружението „Акција Здруженска“, со помош на други граѓански организации, подготвија извештај за состојбите во Македонија на полето на родовата еднаквост и дискриминација врз жената, во кој е наведено дека фактичката положба на жената во семејството и во различните сфери од општественото живеење во Македонија е неповолна.
И во извештајот на Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената при ООН Македонија се повикува „да ги измени националните закони за родова еднаквост и спречување и заштита од дискриминација, за да се обезбеди експлицитна забрана на сите форми на дискриминација врз жените, согласно даденото ветување на универзалниот периодичен преглед во 2009 дека ќе го направи тоа“.
Во Извештајот, како негативни примери од секодјневниот живот се наведени податоците дека ниедна жена не е избрана за градоначалник на претходните локални избори, дека постои нееднаква застапеност на жените на сите нивоа на јавната администрација, дека и покрај постоењето одредба за почитување на принципот на еднакви можности при именувањето амбасадори, само две жени ја вршат оваа функција, како и дека од 125 склучени договори со Министерството за земјоделие за финансиска поддршка преку креирање бизнис план и аплицирање за кредити од ИПАРД програмата, само 15 се склучени со жени.
Марија Гелевска, заменик извршна директорка на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави:
„Во последните неколку години сведоци сме на постоење на континуиран тренд на промовирање на ретроградни традиционални и патријархални вредности во односите помеѓу мажите и жените во нашето општество, и тоа преку законодавни и програмски мерки, како и исклучително скапи медиумски кампањи. Имено, медиумските кампањи за промовирање на семејство со повеќе деца, како и кампањите за штетните последици од абортусот, беа објавувани во подолг временски период на повеќе национални и локални медиуми и за нив државата одвои значајни буџетски средства, кои во просек изнесуваат околу 800.000 долари, што не е случај со активностите и мерките предвидени со политиките за унапредување на родовата еднаквост и правата на жените. Ваквите медиумски кампањи беа проследени и со воведување на законски мерки и релативно високи надоместоци за раѓање на второ, трето и четврто дете. За жал, ваквите политики, како и доделувањето на високи парични надоместоци за раѓање на деца, во услови на висока невработеност кај жените, единствено водат кон враќање на жените во нивните репродуктивни улоги, како и кон поткопување на нивниот социјален статус, можности за образование и професионален напредок.
Ваквото нагласување на и онака постоечките традиционални и вкоренети патријархални модели, во голема мера придонесува и кон постоење на висока застапеност на одредени форми на насилство врз жени, посебно на семејното насилство. Имено, досегашните истражувања укажуваат на тренд на постојана висока застапеност на семејно насилство во период од 10 години, при што последните податоци во однос на застапеноста се следни: психолошко насилство пријавиле 64,8 % од испитаничките, физичко насилство пријавиле 27,7 % , а пак сексуално насилство пријавиле 13,8%.“
Оценка за фактичката положба на македонската жена во семејството и во различните сфери од општественото живеење ни изнесе и портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев:
„Сметам дека генерално, Македонија е земја каде што на дело и во реалноста се остваруваат принципите на родовата еднаквост. Кампањите кои Република Македонија ги спроведува за зачувување на традиционалните вредности се позитивни, и не го имаат супстратот на патријархат. Тие се однесуваат особено на промоција на вредностите на семејството, како функционална и основна клетка на секое општество, тие ја акцентираат улогата на секој член на семејството и во никој случај не ја деградираат улогата на жената во сферата на општественото делување, ниту пак, во семејниот живот, а најмалку се против остварувањето на правата кои таа ги ужива во ова општество. Напротив, преку нив се истакнува улогата на жената, како двигател и носител на многу значајни функции преку нејзиното учество во сите сфери на општественото живеење“.
Ставот на активистката Ирена Цветковиќ, за истиот проблем е сосема поинаков:
„Исклучително е тешко да се говори за фактичката положба на македонската жена, оти поимот македонска жена е генерички поим и ги опфаќа различни жени кои живеат или преживуваат во нашето општество, ги опфаќа сите разлики во групата наречена „македонска жена“, класни, расни, сексуални, етнички.... Оттука, положбата на жените во семејството и другите сфери од општественото живеење зависат од многу фактори, а владините и медиумски кампањи за промоција на традиционални вредности нималку не придонесуваат во подобрување на положбата на жените во семејствата и општеството. Напротив, сметам дека се контрапродуктивни. Низ овие кампањи кои се артикулирани од центри на моќ, како власт и медиуми, се оддржуваат патријархални вредности кои жената ја позиционираат во приватната сфера на домот, доделувајќи и` улога единствено на грижлива мајка и добра сопруга“.
На нашето прашање зошто бавно оди исполнувањето на ветувањето дека ќе се донесат измени во законите за родова еднаквост, Ѓорѓиев кажа:
„Во јануари 2012 година Собранието на Република Македонија донесе нов Закон за еднакви можности на мажите и жените, а учество во донесувањето на законот имаше и преставник од “Акција Здруженска“ како член на работна група. Во новиот закон направено е видно подобрување, внесени се сите препораки и имплементирани се повеќе директиви и конвенции. Во однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација, исто така е многу нејасно какво подобрување треба да се направи, бидејќи во член 3 од овој Закон е наведено дека е забранета дискриминација врз основ на род и пол, а во член 15 се предвидени посебни заштитни мерки за бремена жена, за обезбедување на баланс во учеството на мажите и жените, за самохраните мајки... И двата закона содржат експлицитни забрани за сите форми на дискриминација на жените во сите области на општественото живеење и делување, опфаќајќи ги како државниот, така и приватниот сектор. Дополнително, направени се измени во Законот за работни односи, во делот на заштита од дискриминација на жената, во врска со пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос, вклучувајќи и забрана за откажување на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права по основ на родителство...“
„Родовата рамноправност претставува еден од приоритетите на Владата на Република Македонија, која преку своите институции, го преточува во конкретни политики и активности, и е сериозно посветена на инкорпорирање на родовата перспектива во сите програми, буџети и политики. Силно сме посветени на континуирана работа на ова поле, согласно европските трендови и стандарди“, дециден е портпаролот на Владата, Ѓорѓиев.
„Незначителниот напредок во однос на хармонизирање и имплементација на законите кои се однесуваат на родовата еднаквост, според мене е, меѓу другото, резултат на две клучни работи кои се меѓусебно поврзани: отсуство на политичка волја за сериозно и одговорно промовирање на концептот на родова рамноправност и неимплементација на политиките за родова рамноправност, недискриминација и еднакви можности. Оттука, видлива е дискрепанцата меѓу декларативните позиции во политиките и легислативата, и реалната состојба и можност за имплементација на истите...Од друга страна, тешко е да зборуваме за родова рамноправност која низ легислативата и институциите во нашата држава се перцепира исклучиво низ концептот – пол, исклучувајќи ја сексуалната ориентација, родовиот идентитет и родовото изразување како битни компоненти“, вели Цветковиќ.
Една од забелешките во извештајот е дека државата не обезбедува „потребни финансиски ресурси за имплементирање на севкупните активности во однос на родовата еднаквост“, па „приоритетите, динамиката и видовите на мерките кои се спроведуваат, во голема мера зависат од странската финансиска помош“.
Портпаролот Ѓорѓиев не се согласува со ваквиот став.
„Република Македонија соработува со голем број меѓународни организации во областа на родовата рамноправност и тоа е во сестран интерес и е позитивна работа. Во државата постои стабилен финансиски систем за финансирање на активности, како соодветен институционален одговор во тој дел. Колку за илустрација, посебните програми за финансиска поддршка на жените претприемачи, воспоставените регионални засолништа за жени - жртви на семејно насилство и жртви на трговија со луѓе, бесплатните станови за социјално ранливите категории, меѓу кои и самохраните мајки, големиот број на обуки за родовиот концепт..., функционираат преку буџетите на институциите, а обезбедена е и поддршка на советувалишта за работа со жртви и деца кои, исто така, се менаџирани со средства од буџетите...“
Активистката Цветковиќ останува на ставот дека постои отсуство на сериозна политичка волја за промовирање на концептот за родова рамноправност.

Во последните неколку години сведоци сме на постоење на континуиран тренд на промовирање на ретроградни традиционални и патријархални вредности во односите помеѓу мажите и жените во нашето општество.Марија Гелевска
Во Извештајот, како негативни примери од секодјневниот живот се наведени податоците дека ниедна жена не е избрана за градоначалник на претходните локални избори, дека постои нееднаква застапеност на жените на сите нивоа на јавната администрација, дека и покрај постоењето одредба за почитување на принципот на еднакви можности при именувањето амбасадори, само две жени ја вршат оваа функција, како и дека од 125 склучени договори со Министерството за земјоделие за финансиска поддршка преку креирање бизнис план и аплицирање за кредити од ИПАРД програмата, само 15 се склучени со жени.
Марија Гелевска, заменик извршна директорка на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави:
„Во последните неколку години сведоци сме на постоење на континуиран тренд на промовирање на ретроградни традиционални и патријархални вредности во односите помеѓу мажите и жените во нашето општество, и тоа преку законодавни и програмски мерки, како и исклучително скапи медиумски кампањи. Имено, медиумските кампањи за промовирање на семејство со повеќе деца, како и кампањите за штетните последици од абортусот, беа објавувани во подолг временски период на повеќе национални и локални медиуми и за нив државата одвои значајни буџетски средства, кои во просек изнесуваат околу 800.000 долари, што не е случај со активностите и мерките предвидени со политиките за унапредување на родовата еднаквост и правата на жените. Ваквите медиумски кампањи беа проследени и со воведување на законски мерки и релативно високи надоместоци за раѓање на второ, трето и четврто дете. За жал, ваквите политики, како и доделувањето на високи парични надоместоци за раѓање на деца, во услови на висока невработеност кај жените, единствено водат кон враќање на жените во нивните репродуктивни улоги, како и кон поткопување на нивниот социјален статус, можности за образование и професионален напредок.
Сметам дека генерално, Македонија е земја каде што на дело и во реалноста се остваруваат принципите на родовата еднаквост.Александар Ѓорѓиев