Линкови за пристапност

САД објавија план за борба против СИДА-та


Планот е дел од поширока програма започната од поранешниот претседател Буш, во 2003-та

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го одбележа Светскиот ден на борба против СИДА-та, што е 1 декември, со објавување на, како што рече, „нацртот“ што може да помогне да се креира генерација без СИДА.

Клинтон го објави широкиот план кој вклучува американски инвестиции во програми за превенција и третман на ХИВ, партнерства со организации и држави за искористување на ресурсите и нагласка на зголемени услуги за жени и девојчиња со ХИВ.

Клинтон исто така кажа дека САД ќе одат „таму каде што е вирусот“ и ќе се обидат да дојдат до корисници на дрогс, проститутки и други кои може да се исложени на ХИВ, но не се спремни да побараат помош.
Клинтон кажа дека САД обезбедиле директна поддршка за повеќе од пет милиони луѓе на антиретровирален третман од почетокот на програмата позната како ПЕПФАР, што ја креираше претседателот Џорџ В. Буш во 2003-та, чиј дел е овој нацрт.

Клинтон кажа дека во изминатата деценија, стапката на новоинфицирани значително паднала во 25 држави со ниски и средни приходи во Суб-Сахарска Африка. Таа кажа дека како резултат на тоа генерацијата без СИДА може скоро да биде реалност.
XS
SM
MD
LG