Линкови за пристапност

Сексуална зависност и реакција на мозокот


Нова студија покажала дека мозокот на зависниците од секс и од дрога покажуваат слична активност

Барем едно на 25 возрасни лица има компулсивно сексуално однесување, вообичаено познато како зависност од секс. Кај овие поединци, мозокот реагира на порнографска сцена слично како што реагира мозокот на зависниците од дрога. Ова го тврди истражување на универзитетот Кембриџ во Велика Британија.

Сепак, научниците велат дека ова не мора да значи оти порнографијата создава физичка зависност.

Истражувачите побарале од 19 дијагностицирани сексуални зависници и 19 здрави доброволци да гледаат кратки видеа со експлицитно сексуална содржина или со спортска содржина, додека тие им го снимале мозокот. Мерењето вклучило следење на нивото на кислород во крвта како индикација за активирање на различни делови од мозокот.

Истражувачие откриле дека посебно три области во мозокот биле поактивни кај сексуалните зависници споредено со здравите волонтери. Актививираните делови го вклучиле и делот што се имплицира со очекување награда и копнеење.

Истражувањето исто така покажало дека зависниците од секс почнуваат да гледаат порнографија на помлада возраст, и гледаат повеќе од останатите.

Наодите од истражувањето биле објавени во магазинот PLoS One.

XS
SM
MD
LG