Линкови за пристапност

„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон


„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон
„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон

Проект на македонски едукaтори во рамки на Мајкрософт што промовира учење преку игра

На Светскиот форум на иновативни наставници во Вашингтон, учесниците од Македонија дојдоа со проектот „Бабини игри“ – подзаборавено богатство од македонските улици – и си заминаа со втора награда!

Дали се сеќавате на игрите – Челик, Завор, Плочка, Џамија, Прстенче, Мижи-баба...?

Тие влегоа во проектот на група едукатори од Македонија, кои, со 700 колеги од 67 земји од светот, во Вашингтон се натпреваруваа - како преку игра да се поттикнат децата да ги совладат тешкотиите при учењето.

„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон
„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон


На престижното натпреварување во организација на Мајкрософт, македонскиот проект синоќа освои втора награда. Иницијативата Партнери во учењето на Мајкрософт има цел да ја примени современата технологијата во образованието.

Проектот ги открадна игрите од заборав. Едукаторите велат, дури и родителите на денешните основци не се сеќаваат како се играат некои од нив.

„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон
„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон

Екипата од Македонија со проектот „Бабини игри“ веќе победи на европско ниво, со што доби шанса да се натпреварува на светско во Вашингтон, вели Влора Адеми, раководителка на македонскиот дел од иницијативата.

„Бабините игри е еден вид на градење мост меѓу новата генерација на информативна технологија со старите и културни вредности на нашата земја. Како низ игра учениците да учат заедно со учителите?“, објаснува Адеми.

Марина Василева е одделенска наставничка во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, авторка на проектот.

„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон
„Бабини игри“ освои второ место во Вашингтон


„Имаме цел да ги оживееме старите бабини игри кои се веќе заборавени, да ги научиме децата дека компјутерите може да ги користат како алатка, а да направиме еден мост меѓу историјата и сегашната ИТ-генерација која минува големо време пред компјутерите“, вели Василева.

Учениците учат низ игра, раскажува Василева: „Играта Петкамци е убав начин да играат заедно и да внесуваат податоци во програмата Ексел, а воопшто да не се свесни дека наставникот постојано ги следи“.

Екипата планира да се заложи оживувањето на „Бабините игри“ да се примени во наставниот план на образовниот процес во Македонија.

XS
SM
MD
LG