Линкови за пристапност

Жонглерот од Витина


Агим Агуши професор по математика жонглира за Гинисови рекорди

Жонглирањето со топка е секојдневие за Агим Агуши од косовскиот град Витина. Тој неодамна постави два светски рекорди на 400 и 1000 метри во жонглирање на песок, а настанот се случуваше во Струга, на брегот на Охридското езеро. 400 метри ги помина за 2 минути и 56 секунди, додека 1000 метри за 8 минути и 26 секунди. Сопственик е на неколку светски и Гинисови рекорди.

За Гласот на Америка вели дека ја одбрал Струга за овој најнов негов подвиг поради потребата од поголема афирмација на градот. Вели за добри резултати се потребни редовни и напорно тренинзи.

„Три пати неделно се подготвувам по два до три часа на ден. Еден од Гинисовите рекорди кои што ги имам постигнато е жонглирање со топка седејќи 4 часа и 20 минути во 2005 година. Вториот Гинисов рекорд го постигнав заедно со мојот внук жонглирајќи со топка 31 минута“, вели Агуши.

Агуши кој е професор по математика наоѓа поврзаност помеѓу двете професии.

„Нормално тоа е така бидејќи удирањето на топката има поврзаност со законите на физиката, а математиката поврзаност со физиката, а пак јас сум професор по математика. Следната моја дестинација ќе биде Улцињ за каде дисциплината се уште не сум ја одредил, а потоа најголем предизвик ќе ми биде зградата од 202 ката Бујр Калифа во Дубаи каде ќе се качувам и симнувам жонглирајќи. Тоа е нешто што до сега никој на светот не го постигнал“, вели Агуши.

Во Загреб на 5 ти јуни годинава Агуши постави уште еден рекорд, а тоа е жонглирање со топка во автомобил во движење со време од 1 час и 58 минути без прекин

Градоначалникот Зијадин Села смета дека ваквите настани се добри за промоција на Струга.

„Ова е голем настан за Струга бидејќи придонесува Струга да биде ставена во градовите каде што се постигнати светски рекорди.“, рече Села.

Агуши сака наредната година да постави уште еден светски рекорд жонглирајќи во кајче по Охридското езеро на релација од Струга до Подградец во Албанија во Албанија со должина од 30 километри.

XS
SM
MD
LG