Линкови за пристапност

Црвениот крст апелира за помош против вирусот Зика


Предупредување дека во опасност е инфицирање на дури 4 милиони луѓе во Јужна и Северна Америка

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во вторникот поднесоа барање за 2,3 милиони долари поддршка за справување со кризата во регионот.

Се верува дека вирусот е поврзан со микроцефалија, што е невролошко нарушување, од кое бебињата се раѓаат со абнормално мали глави.

Во понеделникот, Светската здравствена организација го прогласи ширењето на вирусот Зика за глобален итен случај по јавното здравје и издаде предупредување дека 4 милиони би можеле да бидат инфицирани оваа година. Дваесет и четири земји потврдиле циркулација на вирусот Зика до крајот на јануари. Во моментов, нема лек.

Француската фармацевтска компанија „Санофи“, во вторникот изјави дека започна со истражување и развој на вакцина за вирусот, која го добила името по шума во Уганда кадешто за прв пат во 1947 година овој тип на вирус е идентификуван.

Вирусот Зика се пренесува преку комарците наречени Аедес, коишто предизвикуваат заразна тропска треска и болеста чикунгунја.

Во понеделникот во Женева, СЗО објави дека вирусот Зика е „загрижувачки проблем по јавното здравје со меѓународни размери. “

Засега нема забрана за патувања во погодените региони или трговска размена.

XS
SM
MD
LG