Линкови за пристапност

Здравствени официјални лица од сојузната држава Флорида објавија дека три бремени жени имаат позитивни тестови

Секретарот за здравство на Флорида, Џон Армстронг, вели дека жените биле тестирани позитивно по престој во земји каде има случаи на вирусот Зика.

Во Флорида има вкупно 32 случаи. Единаесет од нив се пријавени во пошироката област на Мајами. Сите случаи се поврзани со патување во странство.

Во понеделникот, во Бразил започна да се работи на студија која ќе треба да утврди дали вирусот Зика предизвикува микроцефалија или бебиња да се раѓаат со вродени дефекти.

Вирусот Зика е поврзан со 4.000 случаи на микроцефалија во Бразил, состојба која резултира со абнормално мали глави и мозоци кај новороденчињата. Засега нема третман за микроцефалија.

Тим лекари од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, составен од 16 члена, започна со работа во Јоао Пасоа, североисточен Бразил, што е епицентар на појавата Зика.

Томас Фриден, директор на Центарот за контрола и превенција на болести, за Гласот на Америка изјави дека „научниците работат напорно на развој на вакцина, но, потребно е година до две пред да може да биде достапна за употреба.“

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата од Зика за меѓународна здравствена опасност на 1-ви февруари.

Центарот за контрола и превенција на болести објави дека истражува 14 нови случаи на инфекција со вирусот Зика во САД, за кои се претпоставува дека се пренесени со сексуален акт. За сите 14 заразени жени единствен познат ризичен фактор е сексуален контакт со машки партнер кои неодамна патувале во области каде има вирус Зика.

XS
SM
MD
LG