Линкови за пристапност

„Брзиот“ Пит


Победник на натпреварот во јадење хамбургери во Вашингтон – изеде 15!

Ова долго топло летo во Вашингтон, ве носиме во Зи-бургер, популарно место за јадење, каде уште од рано утро чади скарата!

Тука се одржува четвртиот по ред годишен натпревар во јадење на хамбургери.

За натпреварот навистина треба добар желудник. Меѓу 13 натпреварувачи, еден вегетаријанец, за кого посебно се подготвуваат хамбургери без месо, друг, кој загубил преку 45 килограми во 2011-та, и, шампионот од минатата година, Канаѓанецот Пит Зервински, познат по прекарот „Брзиот“.

Правилата се едноставни. Да се изеде што е можно повеќе, од течностите е дозволена само вода, и сето тоа во рок од 10 минути. Победникот мора да ја задржи храната во стомакот две минути по натпреварот.


„Интензивно е. Времето е кратко. Многу е потешко отколку што изгледа“, вели човекот со искуство од прва рака, шампионот Пит.

„Брзиот“ повторно беше прв. Изеде 15 хамбургери, за што доби награда од 1.000 долари.

Марк Розенберг, пак, заврши последен. Успеа да голтне - само два хамбургера.

За „Брзиот“ Пит нема одмор. Утре е на натпревар во јадење хот-дог сендвичи во Њујорк. Што ќе прави меѓу двете натпреварувања? Знаеме што нема - да јаде!
XS
SM
MD
LG