Линкови за пристапност

САД, Британија и Франција ги затворија амбасадите во Јемен


Американската амбасада во Јемен

Американската амбасада во Јемен

Шиитски бунтовници, припадници на фракцијата Хути ги заплениле возилата на Амбасадата на САД откако американските дипломати ја напуштиле земјата

Шиитски бунтовници, припадници на фракцијата Хути во Јемен запленија возила на Амбасадата на САД откако американските дипломати ја напуштија земјата. ЦНН јави дека возилата биле запленети на аеродромот во главниот грда Сана.

САД, Британија и Франција ги затворија своите амбасади во Јемен поради влошената безбедносна ситуација во оваа земја. Стејт департментот синоќа соопшти дека персоналот на амбасадата заминал од Сана. Британија го стори истото денеска, а Франција ќе ја затвори својата амбасада во петок.

„Неодамнешните еднострани постапки го попречија процесот на политичка транзиција во Јемен, создавајќи ризик обновеното насилство да ги загрози Јеменците и дипломатската заедница во Сана“, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки. „САД остануваат цврсто посветени на поддршката на сите Јеменци коишто продолжуваат да работат на мирољубив, просперитетен и обединет Јемен. Ќе ги истражиме сите можности за враќање во Сана кога ќе се подобри ситуацијата на теренот“, наведува Псаки.

САД, Британија и Франција издадоа соопштенија во коишто ги советуваат своите државјани да не патуваат во Јемен, а оние коишто се во земјата - да заминат.

Политичките немири во земјата траат со месеци. Минатиот месец, Хутите ја зазедоа резиденцијата на претседателот Абд Рабу Мансур Хади, принудувајќи оставка на неговиот владин кабинет. Бунтовниците го заокружија преземањето на власта минатиот петок, кога соопштија дека го распуштиле парламентот и дека воспоставиле нов претседателски совет којшто ќе управува со земјата.

Вчера, портпарол на Пентагон потврди дека политичките немири во Јемен влијаат на американските контраразузнавачки способности, но кажа и дека американската армија се` уште обучува дел од јеменските сили и би можела да врши операции во земјата против милитантите на Ал-Каида.

XS
SM
MD
LG