Линкови за пристапност

Претставници од поранешната администрација ќе сведочат пред Сенатската Комисија за разузнавање за руското мешање во изборите во САД минатата година

На ново сослушување во Сенатот ќе се разгледува степенот на руското мешање во претседателските избори во САД минатата година.

Сали Јејтс, која во првите денови на администрацијата на Трамп беше вршителка на должноста главна правобранителка, ќе сведочи пред Комисијата за разузнавање на Сенатот, околу нејзиното предупредување за разговорите на советникот за национална безбедност Мајкл Флин со Сергеј Кислјак, рускиот амбасадор во Вашингтон.

Претседателот Доналд Трамп го отпушти Флин по само 24 дена, откако се појавија докази дека Флин го лажел потпретседателот Мајк Пенс и други претставници, за неговите разговори со рускиот дипломат.

Јејтс, која беше заменик-јавна правобранителка во времето на поранешниот претседател Барак Обама, беше отпуштена од Трамп откако одби да ја брани извршната наредба за имиграцијата и забраната за патување.

На распитот се очекува да сведочи и Џејмс Клапер, кој беше директор на националното разузнавање за време на администрацијата на Обама.

Тој имаше клучна улога во заклучокот на американската разузнавачка заедница дека Русија бара начини преку хакирање да ги зголеми шансите за победа на Трамп во изборната трка против поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.

Претседателот Трамп продолжува да ги отфрла наводите дека Москва одиграла улога во неговата победа над Клинтон. Во коментар на Твитер, информациите ги нарече „лажна“ приказна која служи како „изговор од страна на демократите да го оправдаат поразот за време на изборите“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG