Линкови за пристапност

Хиперсоничен авион - на чекор до реалност


Леталото XS-1 ќе биде со големина на патнички авион и ќе полетува вертикално

Следната генерација на хиперсоничен авион направи голем чекор кон реалноста, откако ДАРПА (Defense Advanced Research Projects Agency) објави дека Боинг „ќе ја заврши работата со напредниот дизајн“ за експерименталното летало XS-1.

Целта на проектот е да се обезбеди побрз пристап до ниската орбита на планетата Земја, намалувајќи го времето неопходно за подготовка од месеци, во денови. На пример, во случај на губење на воен или комерцијален сателит без екипаж, XS-1 брзо може да биде искористен за лансирање на замена.

Според ДАРПА, XS-1 ќе биде со големина на патнички авион и ќе полетува вертикално.

По достигнувањето на надорбиталната надморска височина, летало ќе го лансира продолжителниот дел и ќе биде во можност да извршува мисии за помош на сателитите во орбитата. Потоа, тоа може да се врати на земјата, и ќе слета како авион.

Од ДАРПА велат дека леталото ќе биде оспособено за повторно користење „за само неколку часа“.

XS-1 е години далеку од реалноста, но од компанијата велат дека тестирањето на моторот е закажано за 2019-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG